Се прикажуваат објави со етикета Информации. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Информации. Прикажи ги сите објави

После една доста дооооолга пауза вашиот (не)омилен шоубизер е повторно тука ...
Па сега имаме доста работа пред нас од како нешто почна да се движи на нашава шоубиз сцена но сепак доста сме далеку од она што ни е потребно ...
Па каде се големите скандали???
Каде се црвените теписи???
Каде се вистинските ѕвезди и вистинските трачеви???
Сега е време ова да го откриеме ... Доста насловни дека Елена Ристевска има нова кола или дека некоја певаљка купила нов фустан ... Сакам да откријам голем скандал, скандал кој ќе ја потресе целата македонска јавност, скандал од светски тип, можеби некоја македонска секс лента или рушење на табу тема ... Да го откриеме тоа годинава или ... ???
Следете и откријте го секоја недела „Дневникот на една ѕвезда“ само на ShowBizz ...
Ќе останете шокирани од она што ќе го прочитате, ќе бидете изненадени од тоа што се случува во животот на една вистинска ѕвезда ...
Не ве сакам сите, јас ве обожавам ...
Вашиот шоубизер Петар ...


|

Read Users' Comments ( 0 )

Шоу кое што изврши свој вид на револуција во телевизијата ...
Шоу кое постана културен феномен за голем број на генерации ...
Тоа се првите зборови за култната серија “90210- Беверли Хилс“
Како и секогаш ShowBizz најбрзо ги дознава и ви ги носи новите вести од светот на шоу бизнисот па еве ги и рекламите за новото шоу, новиот Беверли Хилс, провокативен како никогаш досега ...
Уживајте ...




Како мал многу ја сакав оваа серија и омилен лик ми беше Бренда. Овој пат во серијата се враќаат и старите фаци ... малку пораснати се разбира :D:D:D
Искрено се надевам дека и некоја телевизија кај нас ќе ги откупи правата за повторно да уживаме во 90210- Беверли Хилс ...


|

Read Users' Comments ( 1 )

Се што некогаш направив ќе го дадам за уште еден ден ...
Уште една ноќ која изминува, уште една врата во која што влегувам ...
Ова е дождлив пат, тежок е патот до мојот дом ...
Затоа не чекајте некој да ви каже дека е прекасно ...
Ова се НАЈДОБРИ ДЕНОВИ ...
Секогаш постои и нешто за утре ...
И затоа велам да го направиме најдоброто вечерва ...
И потоа продолжува нашиот живот ...
Ги бројам чекорите во далечина со времето ...
Уште едно лице, уште еден пријател ...
Уште едно место, и потоа продолжуваме ...
Кон нашите НАЈДОБРИ ДЕНОВИ ...



|

Read Users' Comments ( 8 )

Само што помислив дека конечно добивме добро изработен концепт на одлична емисија, за која и мислев дека е наш производ, чепкајќи по интернет пронајдов изненадување.
Да не излезе од тука рекла-казала, не ја спомнувам емисијата, но сепак би ви прикажал за што станува збор.
Следете го овој линк ... http://www.rtl.hr/program/magazin/

Зачудувачко, нели???


|

Read Users' Comments ( 4 )

Уште една Евровизија помина, уште едно спектакуларно шоу ... Секоја чест на Србите се покажаа во најдобро светло и како многу добри организатори. Почнувајќи од сцената па се до разните кореографии, навистина се беше феноменално. И сега што ... Го имаме победникот- Дима Билан ја однесе Евровизија за 2009 во Русија, а ние, што направивме ние ???
Последниве денови се жалиме на новите правила на ЕБУ ... Алоо луѓе, па свесни бевме за тие правила... Се жалиме на озвучувањето и техниката ... Алоо луѓе, тоа е Евровизија, а не Цветници или Валандово Фест. Таму се потрошени милиони евра за годишното озвучување и на нам не ни чини. Демек нарочно ни праат некои финти ...
Секогаш, кога нам нешто не ни чини, другите ни се криви, се нас не не сакаат ...
Како прво треба да го исчистиме сопствениот двор за понатаму да бидеме успешни ...
Што бараат кадри од времето на Тито да ми водат Евровизија, уште англиски не знаат правилно, а не да ми организираат национално претставување.
Второ, ПАРИ, голем проблем за нас ... Азербејџан кој годинава прв пат настапуваа според некои податоци за пропаганда потрошиле околу 150 илјади евра ... 150 илјади евра за толку мала и сиромашна држава, а ние скромни 60 илјади евра ... Треба да се направи добра рекламна кампања, ако ништо друго треба да бидеме наметливи на медиумите, секој претставник да се труди да биде центар на внимание ...
И трето кореографија и облека ... WooooW ... Секоја година здрвени кукли на сцена(чест на исклучоците), секоја година облечени по последна мода ... Само не знам дали од Зелено пазарче купуваат ... Сто пати имам кажано дека за Евровизија треба шоу, треба скандал, треба луѓе кои знаат што сакаат и знаат како да го постигнат тоа... Треба добра организација, околу 100 илјади евра и добра, лесна, етно- забавна песна, со заразлив ритам, на кој можат да играат и стари и млади ...
Секоја чест на Дима Билан за победата и еве го неговиот победнички настап ...
Следната година повеќе среќа за Македонија ...


|

Read Users' Comments ( 1 )

Еве што е талент ...

Гледајќи по блоговите на моите драги колешки и колеги наидов на еден пост со прекрасна содржина. Прекрасно мало шест годишно девојче пее со прекрасен ангелски глас на кој не можете, а да не покажете емоции. На блогот “Новинарско ќоше“ беше поставен клип од нејзиниот настап на шоуто “Британија има талент“. Од овој клип бев зачуден и со сигурност знам дека ова неверојатно девојче ќе биде ѕвезда од светски размери бидејќи го има правиот тален во себе на кој што и Сајмон Ковел (озогласениот член на жирито) остана вчудоневиден.
Затоа се потрудив и најдов нешто повеќе за ова девојче ...

Името на ова слатко детенце е Кони Талбот и има шест години. Одкако ја воодушеви целата британска нација на ова шоу, таа денес го има издадено својот прв дебитантен албум кој носи наслов “Somewhere over the rainbow“.
На овој албум свое место имаат 12 големи хита кој останале во спомените на луѓето низ целиот свет, кој повторно се воодушевуваат сега благодарејќи на Кони.
Списокот со песните е:
1. Over The Rainbow
2. I believe
3. Smile
4. Three Little Birds
5. Imagine
6. My Favourite Things
7. Any Dream Will Do
8 What A Wonderful World
9. Ben
10 I Will Always Love You
11.I Have A Dream
12.You Raise Me Up


Иако сеуште е мала ова слатко девојче во себе носи ангелски глас кој ја воведе во светот на славата, но сепак од неа допрва се очекуваат нови успеси. Во фаза на изработка е и втор албум, но сепак мислам со првиот Кони покажува што значи да се биде пејач и им оддржува добра лекција на сите самонаречени ѕвезди ... Секоја чест за Кони .... Во продолжение неколку испеани песни од неа:
(Погледнете нема да зажалите)
I will always love you ...

Over the rainbow ...

White Christmast ...


П.С. Кони веќе има седум години, почнува да снима реклами и добива понуди за филмови ... А дури сега тргнува во прво одделение ... :)


|

Read Users' Comments ( 3 )


Секако ако сте порно актерка која ужива во тоа што го работи ...
Но, мојата цел тука не е порногарфската индустрија туку шоу- бизнисот и сексот. Освен правилото дека сексот продава во последно време премногу очигледни се маалските муабети и трачеви дека преку секс можеш да успееш. Ова ме зачуди и затоа решив да напишам еден пост. Велат дека сексот е најстариот благодет на земјата во кој сите уживаат- тоа е точно. Но, освен проституцијата (најстар занает на светот) зарем постои некоја млада и убава девојка која што очајно се обидува да влезе во светот на шоу- бизнисот и гледа влез само преку своето тело. Ова најискрено ме зачудува ... Затоа и ме интересираше малце повеќе и од чаршиските рекла- казала излегува дека половина јавни личности се пробиени преку нечиј кревет. Овој факт ме натера да си поставам себеси неколку прашања ...
Дали опшеството е на тоа ниво за да некоја млада и талентирана девојка треба да го продава своето тело за да успее ???
Дали таа девојка се запрашала себеси каде е нејзиното достоинство и нејзината гордост???
Дали таа со тоа што го прави постигнува нешто повеќе???
И на самиот крај дали вреди сето тоа за пет минути на сцена???
Сето ова зачудува, но очигледно тоа е светот во кој што живееме и најверојатно и понатаму ќе гледаме како нашите млади и талентирани девојки очајни за кариера, успех и слава легнуваат во нечиј кревет кој може да им го обезбеди тоа ...
Па добро бе луѓе, каде исчезнаа старите морални вредности, зарем веќе никој не придава значење на талентот (туку само се гледа некоја друга надареност). Овие прашања заслужуваат одговор, а сите оние девојки кој ја градат својата кариера на овој начин треба да се засрамат, затоа што вистината секогаш излегува на виделина. Дали подоцна, дали порано ние ќе дознаеме кој се таканаречените „спонзоруши“ и верувајте во тој момент нивниот розов свет изграден во кревет ќе се сруши ...
Вашите мислења за оваа тема посебно ме интересираат ...
... KiSs tO aLL wHo haTe mE ...
... LiVe mY liFe iF yOu cAn ...


|

Read Users' Comments ( 3 )

Денес чепкав на youtube и не знам зашто ми текна да ставам еден пост за македонските спотови за разлика од српските, бугарските, странските итн ...Прочепкав на youtube и најдов неколку спота ама кога ги разгледав најверојатно нашиот на последно место го ставам ... Како прво за добар спот важно е да се има пари и добар режисер. Спотот треба да има приказна, да го раскажува текстот на песната, а не да биде снимен во некое второкласно студио. Спотот ја одразува и популарноста на изведувачот, колку подобар спот, толку поголем успех ... А, според нашите спотови, далеку е успехот ......
За споредба извршив селекција на неколку спота од српска, бугарска, странска и македонска продукција. Само за вас да можете да коментирате ... :):):)
Како горд Македонец првен нашето го ставам, колку и да не чини ...
Елена Ристеска- Милионер ... Баш милионерски стил на спот ...:)



Следува нашиот северен сосед ... Јелена Карлеуша- Тихи убица ... Спотов ме остави без зборови ... Прочепкав уште нешто за него и според некои информации вреди 45.000 евра ...



Од Бугарија ни доаѓа Малина и спотот за Студ ... Стварно добра работа е ...



И на самиот крај од странска продукција Rihanna и Don't stop the music ... No comment ...



Дали можете да ја најдете разликата???


|

Read Users' Comments ( 5 )


Вечна тема за разговор... Каква е нашата, македонска естрада, ако и воопшто постои ...
Србите прават растур со Пинк и Гранд продукција, Бугарите да не збориме, од Планета до Балканика дури ги споредуваат со светските естради, Грците истотака, Албанците, Хрватите, Словенците и така натаму да не ги должам многу сите имаат своја естрада и своја домашна сцена,а ние???


Кај нас постојат неколку проблеми за ова прашање...

Како прво, немаме своја музичка телевизија на национално ниво ...

Второ немаме техничка опременост за одлични спотови и емисии ...

Трето, сексот продава. Дали некогаш нашиве слушнале за тоа???
Која од нашите пејачки, па можеби и пејачи, ако постојат, покажале малце повеќе кожа.
Во светот има добра практика. Ем голо, ем ништо не се гледа ... Кај нас кога ќе ги видиш на сцена страв да те фати... Како од среден век да излегле. Ни добро нашминкани, ни добри фризури, а за гардероба и сценски настап да не правиме муабет ... Кога ќе се случи тоа јас ќе се прекрстам ... Единствено нешто што ми се допаѓа моментално во нашава земја е Топ шоу и А1 Ексклузив ... Стварно добра ствар се ...
И сеа, што заклучивме ...
Значи ни треба телевизија која најмалку 70% од програмата ќе биде со музика, ни треба техничка подготвеност и еден куп стилисти, шминкери, а богами и пластични хирурзи ...
Ова го пишувам заради последните случувања со изборот на песна за Евровизија, мислам добра е песната али настапот и outfit-от на Адријан, Тамара и Врчак .. фуј ...Но, исто и заради една случка на Планета ... Згодна пластична водителка вели: Трсете на звуците на најблгрската народна песен ... И ја пуштаат “Македонско девојче“, и тоа со спот во кој има блага еротика ... Зошто Блажето наша не се разголи и не ја испее оваа песна, па тогаш ќе види колкупати ќе и се зголеми бројот на настапите и гостувањата по емисии, зошто Елена Ристевска не покаже малце повеќе од своето тело итн ...
Народот сака ангели со ѓаволски рогчиња, народот сака скандали, сака добри песни и музика, сака добри емисии, сака шоууу ... Дај барем малце нека се смени нешто ... Еве ветувам на првото мое појавување на телевизија веднаш ќе ви покажам одличен настап со сценска изведба, гардероба и се останато ... Ќе видите, добрите времиња за македонската естрада допрва се надевам ќе пристигнат ... А дотогаш трујте се со “Ој Шабане, свака част“ “ Шта че жена сама у кафани“ и слично...


|

Read Users' Comments ( 3 )


Досадно неделно попладне ... Немав што да правам, се ми беше научено за на факултет, домашни напишани, абе што да ти расправам, седнав ќе гледам телевизија ... Пуштам телевизорот и по навика на ТВ Планета ... Имаат прекрасни спотови луѓето, не за друго, многу професионално се изработени (а и пеачките не се лоши :D)... Одеше Малина арно ама не бев расположен за бугарски шмек продолжив понатаму .... На MTV Adria (не нашето МТВ) имаа реално шоу X- Effect ... Многу добра ствар направиле луѓето ... Два пара се мешаат едната женска заминува со едниот тип, другата со другиот ... И сеа што е финтата ... На едниот нов пар им органзиираат романтична вечера, џакузи и разни љубовни фантазии, додека другиот пар следи се ... Ама се добро опремени кај нас ни тајната служба нема таква техника ... :P:P Значи другиот пар следи се преку камери, прислушувачи, шпиони абе како нов филм за Џемс Бонд да гледаш ... На самиот крај типката треба да одлучи со кој дечко ќе остане дали со новиот или стариот ... Баш беше жална емисијата на крај и двајцата ги изгуби ... На А1 одеше фудбал, на Сител некоја бла-бла емисија, на Пинк пука Гранд шоу какво- такво важно кај нив постои естрада и шоу бизнис ... Најголемото изненадување ме мавна на Канал 5 ... Мак- ѕвезди ... Мислам, секоја чест на србите што го создадоа Гранд- ѕвезди ама на нашиве им треба сериозна помош ... Само што си помислив на тоа еве ја комшиката на врата: “Комшо ќе туриш едно кафе???“- значи го сварив јас кафето и со комшиката се размуабетивме. Го виде Драган на ТВ и почна да ми кажува кој и биле фаворити, а јас кутриот само Петре Штерјов од Велес го знам ... За другите немав ни слушнато, ама сеа комшиката мак- ѕвездовски ме образова ... Кога понатаму гледам моја колешка ја води емисијата ... И се пофалив на комшиката и таа ме извсети дека колешката моја претставува најдоброто нешто во целата емисија. Почна да збори колку добро водела, какви прашања поставувала итн ... Ми се здосади да гледам Мак- ѕвезди и свртев, па и самиот муабет со комшиката се сврте. Таа почна да коментира кој, како и зошто влегол во естрадата ... Од 20 минутното зборување разбрав дека денес демек најлесно можеш да влезеш во шоу бизнис само преку врски, пари и нечиј кревет ... Последното ме зачуди, зарем има некој толку моќен кревет што може да те направи славен ... Секако да ама и не ... И додека во светот шоу бизнисот е преплавен со разни емисии, спектакуларни шоу-а, кај нас гледаме полупразни сали, евтини talk-емисии се на се еден голем кич ... Зарем не сме ние способни да направиме естрада, сепак на крај новинарите ги прават луѓето ѕвезди ... Очекувам мислења од вас драги колеги и колешки ... Сепак не за џабе е речено: “No biz like ShowBizz“


|

Read Users' Comments ( 0 )

Supriseee ...... :P:P:P



Еве мојот блог доби нов лик ... Стариот ми беше некако досаден, а и лично мене баш не ми беше нешто посебно, така да се надевам овој ќе биде подобар, бидејќи ќе видите што е шоу- бизнис ... Поздравче до сите ...


|

Read Users' Comments ( 0 )