Се прикажуваат објави со етикета Забавно. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Забавно. Прикажи ги сите објави

После филмот "One night in Paris with Paris"- порното на славната трендсетерка Парис Хилтон, нејзините амбиции не запираат тука ...
Парис Хилтон се кандидира за претседател на САД ...
Сите големи телевизиски куќи во САД оваа вест неколку дена ја вртат на своите програми, почнувајќи од CNN па се до ABC сите се преплавени со промотивни видеа за претседателската кампања на Парис Хилтон ...
Целата оваа збрка, ја започна самата Парис, од како претседателскиот кандидат McCain ја спореди кандидатурата на својот противкандидат глупа како и самите ѕвезди Парис Хилтон и Бритни Спирс ...
На сето ова Парис го сними својот прв рекламен спот во кој вели дека му е благодарна на дечкото со белата коса што и ја дал идејата ... И дека сега сериозно размислува дали да ја земе Rihanna за подпретседател на САД ...
Колку ли секси ќе изгледа сега Америка ???




Дајте предлози кој ќе се кандидира на нашите избори ... :D:D


|

Read Users' Comments ( 1 )

Шоу кое што изврши свој вид на револуција во телевизијата ...
Шоу кое постана културен феномен за голем број на генерации ...
Тоа се првите зборови за култната серија “90210- Беверли Хилс“
Како и секогаш ShowBizz најбрзо ги дознава и ви ги носи новите вести од светот на шоу бизнисот па еве ги и рекламите за новото шоу, новиот Беверли Хилс, провокативен како никогаш досега ...
Уживајте ...




Како мал многу ја сакав оваа серија и омилен лик ми беше Бренда. Овој пат во серијата се враќаат и старите фаци ... малку пораснати се разбира :D:D:D
Искрено се надевам дека и некоја телевизија кај нас ќе ги откупи правата за повторно да уживаме во 90210- Беверли Хилс ...


|

Read Users' Comments ( 1 )

Одкако дигна голема прашина нејзиниот нов албум “Здраво Маријо“ време е првиот хит од овој албум да добие свој видео запис ... Затоа што Северина е единствена од целиот Балкан која што работи нешто подруго (и Јелена Карлеуша) ексклузивно на ShowBizz спотот за нејзиниот хит Гас, Гас ...
Па вие коментирате ....


|

Read Users' Comments ( 0 )

Се што некогаш направив ќе го дадам за уште еден ден ...
Уште една ноќ која изминува, уште една врата во која што влегувам ...
Ова е дождлив пат, тежок е патот до мојот дом ...
Затоа не чекајте некој да ви каже дека е прекасно ...
Ова се НАЈДОБРИ ДЕНОВИ ...
Секогаш постои и нешто за утре ...
И затоа велам да го направиме најдоброто вечерва ...
И потоа продолжува нашиот живот ...
Ги бројам чекорите во далечина со времето ...
Уште едно лице, уште еден пријател ...
Уште едно место, и потоа продолжуваме ...
Кон нашите НАЈДОБРИ ДЕНОВИ ...



|

Read Users' Comments ( 8 )

Лето & Музика ...


Сега е лето, време за добра забава и одлична музика. Насекаде се организираат разно- разни музички фестивали и токму тоа ме иритира. Секој од овие фестивали се најавува како фантастично шоу, нешто досега невидено, а на крај се е извисено, и само се зборува за тоа кој ја добил првата награда, како и зошто победил и такви ствари.
Сето ова нервира затоа што народот кој ги посетува овие фестивали плаќа за да се забавува, а не да слуша расправии на некој “ѕвезди“ кој од пуста општа култура се препукуваат како да се симнале од село. Па дајте бре јавни личности сте, дајте препукувајте се малце меѓуредови, малце безобразно и малце “курвински“. Од целиов овој наш Балкан единствено ми се допаѓаат препирките на Јелена Карлеуша. Типката стварно знае како да врати, а нејзин цитат кој најмногу ми има оставено впечаток гласи: “Нема повеќе златни кокошки, сега може да работи само зо златни свињи“.
Освен овој факт на некултура во расправија кај нашите ѕвезди, друго нешто што не одговара е нивниот аутфит сцена. Алоо луѓе 21 век сме. Заборавете на високо тапираните коси и вампирската шминка. Покрај изгледот станува збор и за настапот на сцена. Техника од 19 век, микрофон со кабел кој се наоѓа меѓупрсти на пејачот/ката. Здрвена кукла на сцена со некои евтино платени танчери и танчерки. Сето ова остава доста лош впечаток за публиката. Секако да не заборавиме дека за сите овие летни фестивали се крева голема фама, дека тие ќе бидат нешто најгламурозно во сезоната. Од зборот гламур тие немаат ни Г, а камоли пак цел збор ...
А од сигурни извори уште од оваа недела по круговите на славните се шпекулира дека за некој фестивали победниците се веќе одредени.
Како и да е, сите се надеваме на нешто ново, ама тешко дека ќе го добиеме. И ова лето ќе гледаме лажни насмевки и наместени награди. Секој од изведувачите можеби ќе се надева дека можеби неговата песна ќе стане хит, но барем за тоа одлучува публиката.
А публиката и останува да се надева дека по неколку години МОЖЕБИ ќе види одлично организиран летен фестивал, најава за шоу која би била исполнета и секако добра летна забава ...
ShowBizz ќе коментира за секој летен фестивал, но секако за оние песни кои ќе вредат, а можеби и за некој трач ...
Имајте одлично лето и неверојатна забава каде и да се наоѓате ...
П.С. Секоја чест на исклучоците од овие фестивали ...Ако ги има ...


|

Read Users' Comments ( 0 )

Само што помисливме дека од Бугарија дојде најголемата глупост, тие уште еднаш ни покажаа дека се лажеме. Сите сигурно добро ја знаеме Валентина Хасан и нејзината изведба на хитот на Мараја Кери т.е. “Ken Lee“ ... Целата оваа изведба бугарите ја претворија во светски феномен. Од разни гостувања по ТВ емисии, до снимки од целиот свет на кој сите ја пеат “Ken Lee“, до разни спотови и ремикси... Па дури оваа снимка е видена и од самата Мараја Кери ... Да не должам мноогуууу одиме со клиповите ...
Повелете смејте се ....
Најпрво погледнете ја подобрената англиска верзија ...

Следува интервју со самата Валентина Хасан и најава за следен голем хит “I will always love you“ .....

Понатаму реакцијата на Мараја Кери за “Ken Lee“ ...

За самиот крај, најголемо изненадување спот и ремикс на овој веќе голем хит ...

И ова се вика бугарска работа ...:D:D:D:D


|

Read Users' Comments ( 3 )


Вечерва од пуста досада разгледував по неколку страни на интернет кога забележав интернет страна со наслов „60 најглупави цитати на познатите“ ...
Отворив и што ќе видам од глупо- поглупо ... Затоа решив некој од нив кој ми оставија впечаток да ги ставам на мојов блог ...
Има цитати од пејачи, политичари, спортисти и уште еден куп на познати лица, но како што напоменав тука се највпечатливите ...
Одиме чекор по чекор:D:D
Бритни Спирс: “Прекрасно е да бидеш познат можеш да патуваш во многу прекуокеански земји. Како на пример Канада.“ (интервјуто е одржано во Њујорк)
Кристина Агилера: “Годинава каде ќе се одржува Канскиот филмски фестивал?“
Брук Шилдс: “Пушењето убива. Ако вие сте убиени, тогаш сте загубиле голем дел од својот живот“
Бил Петерсон: “Момци наредете се по азбучен ред по висина“
Крег Норман: “Им должам многу на моите родители. Посебно на мајка ми и татко ми.“
Арнолд Шварценегер: “Мислам дека геј браковите се нешто што треба да биде помеѓу маж и жена.“
Мараја Кери: “Секогаш кога гледам на телевизија за оние кутри изгладнети деца насекаде низ светот, не можам да правам ништо друго, освен да плачам. Мислам и јас би сакала да бидам толку слаба, ама не околу мене да има муви, мртви и такви работи.“
Линда Евангелиста: “Јас не сум на диета. Само не јадам онолку колку што сакам.“
Бритни Спирс: “Никогаш вистински не сум сакала да одам во Јапонија. Од едноставна причина што не сакам риба. А имам слушнато дека тоа е доста популарна храна таму во Африка.“
Џесика Симсонс: “Јас не сум анорексична. Јас сум од Тексас. Дали постојат луѓе од Тексас кој се анорексични? Јас не сум слушнала за такво нешто, вклучувајќи ме и мене.“
Џорџ Буш: “Јас имам свои мислења. Цврсти мислења, иако понекогаш не се согласувам со нив.“
Џек Николсон: “Мојата мајка никогаш не ја гледаше иронијата кога ме нарекуваше син на кучка.“
Робин Вилијамс: “А, развод. Па тоа значи да му се извадат на мажот гениталиите преку неговиот новчаник.“
Се насмеавте ... :D:D:D:D


|

Read Users' Comments ( 3 )


Секако ако сте порно актерка која ужива во тоа што го работи ...
Но, мојата цел тука не е порногарфската индустрија туку шоу- бизнисот и сексот. Освен правилото дека сексот продава во последно време премногу очигледни се маалските муабети и трачеви дека преку секс можеш да успееш. Ова ме зачуди и затоа решив да напишам еден пост. Велат дека сексот е најстариот благодет на земјата во кој сите уживаат- тоа е точно. Но, освен проституцијата (најстар занает на светот) зарем постои некоја млада и убава девојка која што очајно се обидува да влезе во светот на шоу- бизнисот и гледа влез само преку своето тело. Ова најискрено ме зачудува ... Затоа и ме интересираше малце повеќе и од чаршиските рекла- казала излегува дека половина јавни личности се пробиени преку нечиј кревет. Овој факт ме натера да си поставам себеси неколку прашања ...
Дали опшеството е на тоа ниво за да некоја млада и талентирана девојка треба да го продава своето тело за да успее ???
Дали таа девојка се запрашала себеси каде е нејзиното достоинство и нејзината гордост???
Дали таа со тоа што го прави постигнува нешто повеќе???
И на самиот крај дали вреди сето тоа за пет минути на сцена???
Сето ова зачудува, но очигледно тоа е светот во кој што живееме и најверојатно и понатаму ќе гледаме како нашите млади и талентирани девојки очајни за кариера, успех и слава легнуваат во нечиј кревет кој може да им го обезбеди тоа ...
Па добро бе луѓе, каде исчезнаа старите морални вредности, зарем веќе никој не придава значење на талентот (туку само се гледа некоја друга надареност). Овие прашања заслужуваат одговор, а сите оние девојки кој ја градат својата кариера на овој начин треба да се засрамат, затоа што вистината секогаш излегува на виделина. Дали подоцна, дали порано ние ќе дознаеме кој се таканаречените „спонзоруши“ и верувајте во тој момент нивниот розов свет изграден во кревет ќе се сруши ...
Вашите мислења за оваа тема посебно ме интересираат ...
... KiSs tO aLL wHo haTe mE ...
... LiVe mY liFe iF yOu cAn ...


|

Read Users' Comments ( 3 )