Лето & Музика ...


Сега е лето, време за добра забава и одлична музика. Насекаде се организираат разно- разни музички фестивали и токму тоа ме иритира. Секој од овие фестивали се најавува како фантастично шоу, нешто досега невидено, а на крај се е извисено, и само се зборува за тоа кој ја добил првата награда, како и зошто победил и такви ствари.
Сето ова нервира затоа што народот кој ги посетува овие фестивали плаќа за да се забавува, а не да слуша расправии на некој “ѕвезди“ кој од пуста општа култура се препукуваат како да се симнале од село. Па дајте бре јавни личности сте, дајте препукувајте се малце меѓуредови, малце безобразно и малце “курвински“. Од целиов овој наш Балкан единствено ми се допаѓаат препирките на Јелена Карлеуша. Типката стварно знае како да врати, а нејзин цитат кој најмногу ми има оставено впечаток гласи: “Нема повеќе златни кокошки, сега може да работи само зо златни свињи“.
Освен овој факт на некултура во расправија кај нашите ѕвезди, друго нешто што не одговара е нивниот аутфит сцена. Алоо луѓе 21 век сме. Заборавете на високо тапираните коси и вампирската шминка. Покрај изгледот станува збор и за настапот на сцена. Техника од 19 век, микрофон со кабел кој се наоѓа меѓупрсти на пејачот/ката. Здрвена кукла на сцена со некои евтино платени танчери и танчерки. Сето ова остава доста лош впечаток за публиката. Секако да не заборавиме дека за сите овие летни фестивали се крева голема фама, дека тие ќе бидат нешто најгламурозно во сезоната. Од зборот гламур тие немаат ни Г, а камоли пак цел збор ...
А од сигурни извори уште од оваа недела по круговите на славните се шпекулира дека за некој фестивали победниците се веќе одредени.
Како и да е, сите се надеваме на нешто ново, ама тешко дека ќе го добиеме. И ова лето ќе гледаме лажни насмевки и наместени награди. Секој од изведувачите можеби ќе се надева дека можеби неговата песна ќе стане хит, но барем за тоа одлучува публиката.
А публиката и останува да се надева дека по неколку години МОЖЕБИ ќе види одлично организиран летен фестивал, најава за шоу која би била исполнета и секако добра летна забава ...
ShowBizz ќе коментира за секој летен фестивал, но секако за оние песни кои ќе вредат, а можеби и за некој трач ...
Имајте одлично лето и неверојатна забава каде и да се наоѓате ...
П.С. Секоја чест на исклучоците од овие фестивали ...Ако ги има ...


|

0 коментари: