Секако ако сте порно актерка која ужива во тоа што го работи ...
Но, мојата цел тука не е порногарфската индустрија туку шоу- бизнисот и сексот. Освен правилото дека сексот продава во последно време премногу очигледни се маалските муабети и трачеви дека преку секс можеш да успееш. Ова ме зачуди и затоа решив да напишам еден пост. Велат дека сексот е најстариот благодет на земјата во кој сите уживаат- тоа е точно. Но, освен проституцијата (најстар занает на светот) зарем постои некоја млада и убава девојка која што очајно се обидува да влезе во светот на шоу- бизнисот и гледа влез само преку своето тело. Ова најискрено ме зачудува ... Затоа и ме интересираше малце повеќе и од чаршиските рекла- казала излегува дека половина јавни личности се пробиени преку нечиј кревет. Овој факт ме натера да си поставам себеси неколку прашања ...
Дали опшеството е на тоа ниво за да некоја млада и талентирана девојка треба да го продава своето тело за да успее ???
Дали таа девојка се запрашала себеси каде е нејзиното достоинство и нејзината гордост???
Дали таа со тоа што го прави постигнува нешто повеќе???
И на самиот крај дали вреди сето тоа за пет минути на сцена???
Сето ова зачудува, но очигледно тоа е светот во кој што живееме и најверојатно и понатаму ќе гледаме како нашите млади и талентирани девојки очајни за кариера, успех и слава легнуваат во нечиј кревет кој може да им го обезбеди тоа ...
Па добро бе луѓе, каде исчезнаа старите морални вредности, зарем веќе никој не придава значење на талентот (туку само се гледа некоја друга надареност). Овие прашања заслужуваат одговор, а сите оние девојки кој ја градат својата кариера на овој начин треба да се засрамат, затоа што вистината секогаш излегува на виделина. Дали подоцна, дали порано ние ќе дознаеме кој се таканаречените „спонзоруши“ и верувајте во тој момент нивниот розов свет изграден во кревет ќе се сруши ...
Вашите мислења за оваа тема посебно ме интересираат ...
... KiSs tO aLL wHo haTe mE ...
... LiVe mY liFe iF yOu cAn ...


|

3 коментари:

*IVANCE* рече...

E Pece, Pece..... ti ne znaes so kakvi se raboti se gradi kariera...mozebi seksot vo ova napredno vreme i ne e tolku strasna rabota. :)
te obozavam

Анонимен рече...

pa ne se samo zenite be pedroooooo

Petar рече...

Хахахахаха а бре Фичо јас не реков само за жените. Со твојот коментар сакаш да кажеш дека ти така ќе напредуваш??? :D:D:D