Вечна тема за разговор... Каква е нашата, македонска естрада, ако и воопшто постои ...
Србите прават растур со Пинк и Гранд продукција, Бугарите да не збориме, од Планета до Балканика дури ги споредуваат со светските естради, Грците истотака, Албанците, Хрватите, Словенците и така натаму да не ги должам многу сите имаат своја естрада и своја домашна сцена,а ние???


Кај нас постојат неколку проблеми за ова прашање...

Како прво, немаме своја музичка телевизија на национално ниво ...

Второ немаме техничка опременост за одлични спотови и емисии ...

Трето, сексот продава. Дали некогаш нашиве слушнале за тоа???
Која од нашите пејачки, па можеби и пејачи, ако постојат, покажале малце повеќе кожа.
Во светот има добра практика. Ем голо, ем ништо не се гледа ... Кај нас кога ќе ги видиш на сцена страв да те фати... Како од среден век да излегле. Ни добро нашминкани, ни добри фризури, а за гардероба и сценски настап да не правиме муабет ... Кога ќе се случи тоа јас ќе се прекрстам ... Единствено нешто што ми се допаѓа моментално во нашава земја е Топ шоу и А1 Ексклузив ... Стварно добра ствар се ...
И сеа, што заклучивме ...
Значи ни треба телевизија која најмалку 70% од програмата ќе биде со музика, ни треба техничка подготвеност и еден куп стилисти, шминкери, а богами и пластични хирурзи ...
Ова го пишувам заради последните случувања со изборот на песна за Евровизија, мислам добра е песната али настапот и outfit-от на Адријан, Тамара и Врчак .. фуј ...Но, исто и заради една случка на Планета ... Згодна пластична водителка вели: Трсете на звуците на најблгрската народна песен ... И ја пуштаат “Македонско девојче“, и тоа со спот во кој има блага еротика ... Зошто Блажето наша не се разголи и не ја испее оваа песна, па тогаш ќе види колкупати ќе и се зголеми бројот на настапите и гостувањата по емисии, зошто Елена Ристевска не покаже малце повеќе од своето тело итн ...
Народот сака ангели со ѓаволски рогчиња, народот сака скандали, сака добри песни и музика, сака добри емисии, сака шоууу ... Дај барем малце нека се смени нешто ... Еве ветувам на првото мое појавување на телевизија веднаш ќе ви покажам одличен настап со сценска изведба, гардероба и се останато ... Ќе видите, добрите времиња за македонската естрада допрва се надевам ќе пристигнат ... А дотогаш трујте се со “Ој Шабане, свака част“ “ Шта че жена сама у кафани“ и слично...


|

3 коментари:

*Jarik* рече...

prvo cestito za promenata SUPER E!!!!!!!!!!! a za show biz u Makedonija---pa nema i nema da ima(se dur ti ne stapnes na scena ) :))))))))))) stvarno treba da se poraboti na toj slucaj,no na zalost nema luge koi bi uspeale da popravat neso pa taka da ke si se brukame i ponatamu :)))))))))))))))))

*Jarik* рече...

prvo cestito za promenata SUPER E!!!!!!!!!!! a za show biz u Makedonija---pa nema i nema da ima(se dur ti ne stapnes na scena ) :))))))))))) stvarno treba da se poraboti na toj slucaj,no na zalost nema luge koi bi uspeale da popravat neso pa taka da ke si se brukame i ponatamu :)))))))))))))))))

Анонимен рече...

Seriozno i treba pomos na makedonskata scena .... Katastrofa e, t.e. NE APOKALIPSA e.... :):):)