Досадно неделно попладне ... Немав што да правам, се ми беше научено за на факултет, домашни напишани, абе што да ти расправам, седнав ќе гледам телевизија ... Пуштам телевизорот и по навика на ТВ Планета ... Имаат прекрасни спотови луѓето, не за друго, многу професионално се изработени (а и пеачките не се лоши :D)... Одеше Малина арно ама не бев расположен за бугарски шмек продолжив понатаму .... На MTV Adria (не нашето МТВ) имаа реално шоу X- Effect ... Многу добра ствар направиле луѓето ... Два пара се мешаат едната женска заминува со едниот тип, другата со другиот ... И сеа што е финтата ... На едниот нов пар им органзиираат романтична вечера, џакузи и разни љубовни фантазии, додека другиот пар следи се ... Ама се добро опремени кај нас ни тајната служба нема таква техника ... :P:P Значи другиот пар следи се преку камери, прислушувачи, шпиони абе како нов филм за Џемс Бонд да гледаш ... На самиот крај типката треба да одлучи со кој дечко ќе остане дали со новиот или стариот ... Баш беше жална емисијата на крај и двајцата ги изгуби ... На А1 одеше фудбал, на Сител некоја бла-бла емисија, на Пинк пука Гранд шоу какво- такво важно кај нив постои естрада и шоу бизнис ... Најголемото изненадување ме мавна на Канал 5 ... Мак- ѕвезди ... Мислам, секоја чест на србите што го создадоа Гранд- ѕвезди ама на нашиве им треба сериозна помош ... Само што си помислив на тоа еве ја комшиката на врата: “Комшо ќе туриш едно кафе???“- значи го сварив јас кафето и со комшиката се размуабетивме. Го виде Драган на ТВ и почна да ми кажува кој и биле фаворити, а јас кутриот само Петре Штерјов од Велес го знам ... За другите немав ни слушнато, ама сеа комшиката мак- ѕвездовски ме образова ... Кога понатаму гледам моја колешка ја води емисијата ... И се пофалив на комшиката и таа ме извсети дека колешката моја претставува најдоброто нешто во целата емисија. Почна да збори колку добро водела, какви прашања поставувала итн ... Ми се здосади да гледам Мак- ѕвезди и свртев, па и самиот муабет со комшиката се сврте. Таа почна да коментира кој, како и зошто влегол во естрадата ... Од 20 минутното зборување разбрав дека денес демек најлесно можеш да влезеш во шоу бизнис само преку врски, пари и нечиј кревет ... Последното ме зачуди, зарем има некој толку моќен кревет што може да те направи славен ... Секако да ама и не ... И додека во светот шоу бизнисот е преплавен со разни емисии, спектакуларни шоу-а, кај нас гледаме полупразни сали, евтини talk-емисии се на се еден голем кич ... Зарем не сме ние способни да направиме естрада, сепак на крај новинарите ги прават луѓето ѕвезди ... Очекувам мислења од вас драги колеги и колешки ... Сепак не за џабе е речено: “No biz like ShowBizz“
0 коментари:
Објави коментар