Сабота 12 април 2008 година. Тешки мигови за секој граѓанин на нашата земја. Сите со солзи во очите со голема болка во нашите души се сеќаваме на ангелот пратен од Бога- ТОШЕ ПРОЕСКИ ...
Тоше шест месеци без тебе, но шест месеци со твојот боженствен глас. Македонија плачеше, плаче и ќе плаче, бидејќи го изгуби единственото нешто што вистински вредеше. Шест месеци зборувавме, зборуваме и ќе зборуваме за тебе бидејќи ти беше дел од животот на секој и секој те носи во своите месеци.
Шест месеци твојот лик ни се насмевнуваше од ТВ екраните, но во сите нас огромна е желбата повторно да одиме на твоите концерти.
Шест месеци твоите песни се лек на нашите срца, со нив се будиме, во нив наоѓаме утеха и со нив се чувствуваме поблиски од тебе.
Што и да правиме свесни сме дека нема да те вратиме, но сепак во сите гори надежта дека сето ова е само лош сон. Со твоите 26 години замина кај ангелите и не напушти без да кажеш збогум. Денес шест месеци по твојата смрт Македонија и Балканот сеуште плачат и се молат за спокој на твојата душа, зашто ти беше примерот на она што значи да се биде човек. Секогаш насмеан, ведар и добро расположен. Секогаш хуман и дарежлив. Македонија даде завет дека никогаш нема да те заборави. Македонија даде завет дека ќе продолжи по твоите стапки. Не научи како да се сакаме меѓусебе, како да ја сакаме својата земја и своите ближни, па дури и како да се сакаме самите себеси. Ти беше ангел пратен од Бога со мисија. Очигледно твојата мисија заврши, но твоето дело ќе го продолжиме ние и генерациите кои доаѓаат. Повеќе не постои човек кој не ги сака твоите песни. Од 6 до 96 години сите плачат за тебе, но единствениот начин да те зачуваме од заборавот е да продолжиме гордо како Македонци и да се сакаме меѓусебно, да си подаваме рака кога имаме проблеми и да бидеме вистински луѓе. Секој од нас да биде човек каков што беше ти.
Тоа Тоше е нашиот завет кон тебе ...
Иако не си меѓу нас вечно ќе живееш, затоа што ангелите никогаш не умираат...


Едно писмо за Тоше кое навистина ме потресе ... :(
Тоше во ЧИЈА СИ сега близина,КОЈ ЛИ ТИ ГРИЗЕ ОБРАЗИ,кој УСНИ ТИ БАКНУВА,Ти си единствената МОРСКА ЅВЕЗДА на овој свет!
АНГЕЛ СИ ТИ пратен од бога да не водиш низ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ,ти си ПОЛСКО ЦВЕЌЕ кое цветеше и кое ќе цвета во градините на нашите срца ЗАСЕКОГАШ!
Каква ли МАГИЈА носеше што не водеше сите ПО ТЕБЕ...
АКО МЕ ПОГЛЕДНЕШ ВО ОЧИ ќе видиш само НЕМИР и гнев.Во нив го нема веќе оној сјај кој го имаше додека пеевме со тебе.
Сонцето кое што грееше над нас сега го покри мрачна МЕСЕЧИНА.
Ти знаеше ДЕКА СРЦЕТО НЕ Е КАМЕН кое знае и да страда, зошто не остана да живееш во СОНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ заедно со нас,туку одлета 1200милји над нас,кога овие поминати 26год.не беа твое КРАЈНО ВРЕМЕ.
Зошто остави ГРОМОВИ НА ДУША да удрат во нашите срца кои сега ке бидат вечно затворени во СОБА ЗА ТАГА...
Не СЛУШАШ ЛИ Господи дај барем ИЗЛАЖИ НЕ УШТЕ ЕДНАШ дека тоа не е вистина,бидејки сега сите се прашуваме ИМА ЛИ ДЕН ЗА НАС откако замина тој....

ПОЧИВАЈ ВО МИР ГОРДОСТ МАКЕДОНСКА, АНГЕЛУ НАШ НЕПРЕЖАЛЕН ...


|

9 коментари:

*IVANCE* рече...

se sto e povrzano so nego me rasplakuva. zatoa sto seuste beskrajno go sakam. zasto vo ovaa makedonija ima nekoj frleno kletva? se sto e vredno go snemuva. ama za tose ne e taa vistina . tose e tuka vo moeto srce, vo tvoeto.... zatoa sto e nas angel!!!!!

Jovana рече...

nemozam po tebe da ozdravam.........................................

Emel рече...

pece emce dali mozes da mi pomognes okolu mojot blog

Emel рече...

pece emce dali mozes da mi pomognes okolu mojot blog

Emel рече...

pece pisi mi go mailot t.e isprati nest na mojot erem_karakash@hotmail.com

Emel рече...

Pak ti pisav ako mozes nesto sto bilo pusti mi na mojot email zosto neznam dali ti stiga

VIKTORIJA рече...

Mi se sviga pismoto...koj go napisal???

elena рече...

Svetot moj, minus tebe vo nego ona shto ke ostane malku e...

Анонимен рече...

Bravo za trudot i za dobrata rabota, prodolzi taka i ponatamu.