Вечерва од пуста досада разгледував по неколку страни на интернет кога забележав интернет страна со наслов „60 најглупави цитати на познатите“ ...
Отворив и што ќе видам од глупо- поглупо ... Затоа решив некој од нив кој ми оставија впечаток да ги ставам на мојов блог ...
Има цитати од пејачи, политичари, спортисти и уште еден куп на познати лица, но како што напоменав тука се највпечатливите ...
Одиме чекор по чекор:D:D
Бритни Спирс: “Прекрасно е да бидеш познат можеш да патуваш во многу прекуокеански земји. Како на пример Канада.“ (интервјуто е одржано во Њујорк)
Кристина Агилера: “Годинава каде ќе се одржува Канскиот филмски фестивал?“
Брук Шилдс: “Пушењето убива. Ако вие сте убиени, тогаш сте загубиле голем дел од својот живот“
Бил Петерсон: “Момци наредете се по азбучен ред по висина“
Крег Норман: “Им должам многу на моите родители. Посебно на мајка ми и татко ми.“
Арнолд Шварценегер: “Мислам дека геј браковите се нешто што треба да биде помеѓу маж и жена.“
Мараја Кери: “Секогаш кога гледам на телевизија за оние кутри изгладнети деца насекаде низ светот, не можам да правам ништо друго, освен да плачам. Мислам и јас би сакала да бидам толку слаба, ама не околу мене да има муви, мртви и такви работи.“
Линда Евангелиста: “Јас не сум на диета. Само не јадам онолку колку што сакам.“
Бритни Спирс: “Никогаш вистински не сум сакала да одам во Јапонија. Од едноставна причина што не сакам риба. А имам слушнато дека тоа е доста популарна храна таму во Африка.“
Џесика Симсонс: “Јас не сум анорексична. Јас сум од Тексас. Дали постојат луѓе од Тексас кој се анорексични? Јас не сум слушнала за такво нешто, вклучувајќи ме и мене.“
Џорџ Буш: “Јас имам свои мислења. Цврсти мислења, иако понекогаш не се согласувам со нив.“
Џек Николсон: “Мојата мајка никогаш не ја гледаше иронијата кога ме нарекуваше син на кучка.“
Робин Вилијамс: “А, развод. Па тоа значи да му се извадат на мажот гениталиите преку неговиот новчаник.“
Се насмеавте ... :D:D:D:D


|

3 коментари:

Анонимен рече...

hahahahahahaha : Никогаш вистински не сум сакала да одам во Јапонија. Од едноставна причина што не сакам риба. А имам слушнато дека тоа е доста популарна храна таму во Африка.

Секогаш кога гледам на телевизија за оние кутри изгладнети деца насекаде низ светот, не можам да правам ништо друго, освен да плачам. Мислам и јас би сакала да бидам толку слаба, ама не околу мене да има муви, мртви и такви работи.(kolku e mizerna )

Ivana рече...

No comment! :)))

*IVANCE* рече...

leleee
abe sekakvi ima po svetov. i za zal ovie glupaci se del od omileniot za pece-showbizzz:)