Шоу кое што изврши свој вид на револуција во телевизијата ...
Шоу кое постана културен феномен за голем број на генерации ...
Тоа се првите зборови за култната серија “90210- Беверли Хилс“
Како и секогаш ShowBizz најбрзо ги дознава и ви ги носи новите вести од светот на шоу бизнисот па еве ги и рекламите за новото шоу, новиот Беверли Хилс, провокативен како никогаш досега ...
Уживајте ...




Како мал многу ја сакав оваа серија и омилен лик ми беше Бренда. Овој пат во серијата се враќаат и старите фаци ... малку пораснати се разбира :D:D:D
Искрено се надевам дека и некоја телевизија кај нас ќе ги откупи правата за повторно да уживаме во 90210- Беверли Хилс ...


|

Read Users' Comments ( 1 )

Одкако дигна голема прашина нејзиниот нов албум “Здраво Маријо“ време е првиот хит од овој албум да добие свој видео запис ... Затоа што Северина е единствена од целиот Балкан која што работи нешто подруго (и Јелена Карлеуша) ексклузивно на ShowBizz спотот за нејзиниот хит Гас, Гас ...
Па вие коментирате ....


|

Read Users' Comments ( 0 )

Се што некогаш направив ќе го дадам за уште еден ден ...
Уште една ноќ која изминува, уште една врата во која што влегувам ...
Ова е дождлив пат, тежок е патот до мојот дом ...
Затоа не чекајте некој да ви каже дека е прекасно ...
Ова се НАЈДОБРИ ДЕНОВИ ...
Секогаш постои и нешто за утре ...
И затоа велам да го направиме најдоброто вечерва ...
И потоа продолжува нашиот живот ...
Ги бројам чекорите во далечина со времето ...
Уште едно лице, уште еден пријател ...
Уште едно место, и потоа продолжуваме ...
Кон нашите НАЈДОБРИ ДЕНОВИ ...



|

Read Users' Comments ( 8 )

Лето & Музика ...


Сега е лето, време за добра забава и одлична музика. Насекаде се организираат разно- разни музички фестивали и токму тоа ме иритира. Секој од овие фестивали се најавува како фантастично шоу, нешто досега невидено, а на крај се е извисено, и само се зборува за тоа кој ја добил првата награда, како и зошто победил и такви ствари.
Сето ова нервира затоа што народот кој ги посетува овие фестивали плаќа за да се забавува, а не да слуша расправии на некој “ѕвезди“ кој од пуста општа култура се препукуваат како да се симнале од село. Па дајте бре јавни личности сте, дајте препукувајте се малце меѓуредови, малце безобразно и малце “курвински“. Од целиов овој наш Балкан единствено ми се допаѓаат препирките на Јелена Карлеуша. Типката стварно знае како да врати, а нејзин цитат кој најмногу ми има оставено впечаток гласи: “Нема повеќе златни кокошки, сега може да работи само зо златни свињи“.
Освен овој факт на некултура во расправија кај нашите ѕвезди, друго нешто што не одговара е нивниот аутфит сцена. Алоо луѓе 21 век сме. Заборавете на високо тапираните коси и вампирската шминка. Покрај изгледот станува збор и за настапот на сцена. Техника од 19 век, микрофон со кабел кој се наоѓа меѓупрсти на пејачот/ката. Здрвена кукла на сцена со некои евтино платени танчери и танчерки. Сето ова остава доста лош впечаток за публиката. Секако да не заборавиме дека за сите овие летни фестивали се крева голема фама, дека тие ќе бидат нешто најгламурозно во сезоната. Од зборот гламур тие немаат ни Г, а камоли пак цел збор ...
А од сигурни извори уште од оваа недела по круговите на славните се шпекулира дека за некој фестивали победниците се веќе одредени.
Како и да е, сите се надеваме на нешто ново, ама тешко дека ќе го добиеме. И ова лето ќе гледаме лажни насмевки и наместени награди. Секој од изведувачите можеби ќе се надева дека можеби неговата песна ќе стане хит, но барем за тоа одлучува публиката.
А публиката и останува да се надева дека по неколку години МОЖЕБИ ќе види одлично организиран летен фестивал, најава за шоу која би била исполнета и секако добра летна забава ...
ShowBizz ќе коментира за секој летен фестивал, но секако за оние песни кои ќе вредат, а можеби и за некој трач ...
Имајте одлично лето и неверојатна забава каде и да се наоѓате ...
П.С. Секоја чест на исклучоците од овие фестивали ...Ако ги има ...


|

Read Users' Comments ( 0 )

На отварањето на базенот “Снупи“, покрај ѕвездите на Гранд, Стеван и Милица, специјален гостин беше кој друг, ако не секогаш скандалозниот и провокативниот Боки 13.
Облечен во долга зелена блуза, и кратки секси панталончиња, тој на велешани им приреди единствено шоу, играјќи и пеејќи на неговите “Преко стола“, “Холивуд“, “Расплела сам плаву косу“, и хитот на Северина “Гас, гас“ ... Конечно и велешани погледнаа добро спакувано шоу, во кое целиот центар на вниманието му припаѓаше на Боки 13 ... Се надеваме дека вакви настапи летово ќе има уште многу на базенот “Снупи“.
За сите вас видео од настапот на Боки 13 ...
П.С. Се извинувам за недоволно добрата снимка ...


|

Read Users' Comments ( 9 )

Мак ѕвезди какво- такво шоу заврши. Јане Дунимагловски ја однесе главната награда, но запамтени се уште голем број на млади талентирани луѓе кои учествуваа.
Една од личностите која најмногу остави впечаток на овој музички натпревар е Петре Штерјов. Младо и талентирано, но скромно момче, така би го опишале повеќето кој го знаат, но благодарение на својот талент, сигурно ќе завземе место на македонската естрада.
Затоа денес на Showbizz за сите вас екслузивно ја објавувам песната на Петре и Ивана- Ден за нас ...

Оваа песна ќе ја изведат на годинешниов радиски фестивал “Ѕвездена ноќ“. Им посакуваме многу среќа и да го освојат првото место ...


|

Read Users' Comments ( 6 )

Само што помислив дека конечно добивме добро изработен концепт на одлична емисија, за која и мислев дека е наш производ, чепкајќи по интернет пронајдов изненадување.
Да не излезе од тука рекла-казала, не ја спомнувам емисијата, но сепак би ви прикажал за што станува збор.
Следете го овој линк ... http://www.rtl.hr/program/magazin/

Зачудувачко, нели???


|

Read Users' Comments ( 4 )