Се што некогаш направив ќе го дадам за уште еден ден ...
Уште една ноќ која изминува, уште една врата во која што влегувам ...
Ова е дождлив пат, тежок е патот до мојот дом ...
Затоа не чекајте некој да ви каже дека е прекасно ...
Ова се НАЈДОБРИ ДЕНОВИ ...
Секогаш постои и нешто за утре ...
И затоа велам да го направиме најдоброто вечерва ...
И потоа продолжува нашиот живот ...
Ги бројам чекорите во далечина со времето ...
Уште едно лице, уште еден пријател ...
Уште едно место, и потоа продолжуваме ...
Кон нашите НАЈДОБРИ ДЕНОВИ ...



|

Read Users' Comments ( 8 )

Лето & Музика ...


Сега е лето, време за добра забава и одлична музика. Насекаде се организираат разно- разни музички фестивали и токму тоа ме иритира. Секој од овие фестивали се најавува како фантастично шоу, нешто досега невидено, а на крај се е извисено, и само се зборува за тоа кој ја добил првата награда, како и зошто победил и такви ствари.
Сето ова нервира затоа што народот кој ги посетува овие фестивали плаќа за да се забавува, а не да слуша расправии на некој “ѕвезди“ кој од пуста општа култура се препукуваат како да се симнале од село. Па дајте бре јавни личности сте, дајте препукувајте се малце меѓуредови, малце безобразно и малце “курвински“. Од целиов овој наш Балкан единствено ми се допаѓаат препирките на Јелена Карлеуша. Типката стварно знае како да врати, а нејзин цитат кој најмногу ми има оставено впечаток гласи: “Нема повеќе златни кокошки, сега може да работи само зо златни свињи“.
Освен овој факт на некултура во расправија кај нашите ѕвезди, друго нешто што не одговара е нивниот аутфит сцена. Алоо луѓе 21 век сме. Заборавете на високо тапираните коси и вампирската шминка. Покрај изгледот станува збор и за настапот на сцена. Техника од 19 век, микрофон со кабел кој се наоѓа меѓупрсти на пејачот/ката. Здрвена кукла на сцена со некои евтино платени танчери и танчерки. Сето ова остава доста лош впечаток за публиката. Секако да не заборавиме дека за сите овие летни фестивали се крева голема фама, дека тие ќе бидат нешто најгламурозно во сезоната. Од зборот гламур тие немаат ни Г, а камоли пак цел збор ...
А од сигурни извори уште од оваа недела по круговите на славните се шпекулира дека за некој фестивали победниците се веќе одредени.
Како и да е, сите се надеваме на нешто ново, ама тешко дека ќе го добиеме. И ова лето ќе гледаме лажни насмевки и наместени награди. Секој од изведувачите можеби ќе се надева дека можеби неговата песна ќе стане хит, но барем за тоа одлучува публиката.
А публиката и останува да се надева дека по неколку години МОЖЕБИ ќе види одлично организиран летен фестивал, најава за шоу која би била исполнета и секако добра летна забава ...
ShowBizz ќе коментира за секој летен фестивал, но секако за оние песни кои ќе вредат, а можеби и за некој трач ...
Имајте одлично лето и неверојатна забава каде и да се наоѓате ...
П.С. Секоја чест на исклучоците од овие фестивали ...Ако ги има ...


|

Read Users' Comments ( 0 )

На отварањето на базенот “Снупи“, покрај ѕвездите на Гранд, Стеван и Милица, специјален гостин беше кој друг, ако не секогаш скандалозниот и провокативниот Боки 13.
Облечен во долга зелена блуза, и кратки секси панталончиња, тој на велешани им приреди единствено шоу, играјќи и пеејќи на неговите “Преко стола“, “Холивуд“, “Расплела сам плаву косу“, и хитот на Северина “Гас, гас“ ... Конечно и велешани погледнаа добро спакувано шоу, во кое целиот центар на вниманието му припаѓаше на Боки 13 ... Се надеваме дека вакви настапи летово ќе има уште многу на базенот “Снупи“.
За сите вас видео од настапот на Боки 13 ...
П.С. Се извинувам за недоволно добрата снимка ...


|

Read Users' Comments ( 9 )

Мак ѕвезди какво- такво шоу заврши. Јане Дунимагловски ја однесе главната награда, но запамтени се уште голем број на млади талентирани луѓе кои учествуваа.
Една од личностите која најмногу остави впечаток на овој музички натпревар е Петре Штерјов. Младо и талентирано, но скромно момче, така би го опишале повеќето кој го знаат, но благодарение на својот талент, сигурно ќе завземе место на македонската естрада.
Затоа денес на Showbizz за сите вас екслузивно ја објавувам песната на Петре и Ивана- Ден за нас ...

Оваа песна ќе ја изведат на годинешниов радиски фестивал “Ѕвездена ноќ“. Им посакуваме многу среќа и да го освојат првото место ...


|

Read Users' Comments ( 6 )

Само што помислив дека конечно добивме добро изработен концепт на одлична емисија, за која и мислев дека е наш производ, чепкајќи по интернет пронајдов изненадување.
Да не излезе од тука рекла-казала, не ја спомнувам емисијата, но сепак би ви прикажал за што станува збор.
Следете го овој линк ... http://www.rtl.hr/program/magazin/

Зачудувачко, нели???


|

Read Users' Comments ( 4 )

Severina is back ...



Кралицата на хрватската музика, балканската верзија на Мадона по четири години повторно со голем стил се врати на сцената и тоа на иновативен и скандалозен начин преку кој го претстави својот нов албум “Здраво Маријо“...
Овој албум крена голема прашина во моментот кога прв пат во јавност се слушна дел од насловите како на пример “ Muskarcе samo treba kurva“,“Da nisi mozda gay“,па се до насловната нумера “Здраво Маријо“. За овој албум се вели дека е досега најскапо платениот на Балканот, но без разлика промоцијата беше едно неверојатно нешто кое ретко се гледа на нашите простори. Северина се омажи, гласеа насловите на сите медиуми во Хрватска затоа што Севе навистина покажа како се прави промоција во светот на шоубизнисот ...
Патем речено оваа недела албумот ги срушил сите рекорди на продажба во Хрватска, а Северина доста добро знае како своето име да го претвори во уште пославен бренд на Балканот.
Снимка од промоцијата на албумот ...


Имено овој албум го критикуваат и како прв турбо-фолкерски албум во Хрватска, но Северина вели дека знае што сакаат Хрватите, а дека тоа е многу повесела музика ...
Сега ајде бивша Југославијо, играј на звуците на Севе и дел од нејзините стихови ...

“Laku noć, sestrice
Dobre i lude
Bog neka nas čuva.
Sanjajte, svetice
Muškarcu samo, samo
Treba kurva.“

“Kod tebe, kod mene
U autu što da ne,
Šta ti nije tu okej,
Da nisi možda gej.“


“Šoferskih gostiona,
Hormona do plafona.
Muškaraca tona
Turbo je sezona!
Ej, što volim miris od benzina
Ej, magistrala Dalmatina.
Hop, hop, malo, malo pa krivina.
Ljulja se kabina,
Turbo je mašina!“

“Rakija se liječi vinom,
Marihuana kokainom
Sve ostalo, sve ostalo
Sve ostalo Severinom.
Zdravo, Marijo,
Neka bude volja tvoja,
Da ne budem stara cura,
Bez avantura.
Aleluja, aleluja,
Aleluja.“
Ова е нашиот Балкан ...


|

Read Users' Comments ( 3 )

Конечно го добивме првиот светски хит на нашиот ангел ... The hardest thing ...
Малце се потрудив за да го напишам текстот, но сепак тоа е за нашиот ангел, нашиот Тоше ... Но, сепак нашето најтешко нешто е да ја прифатиме суровата реалност ...
Специјално за сите текстот на The hardest thing ...
Lyrics of Tose Proeski- The hardest thing .... By PeTa® ...
THE HARDEST THING
I sleep all night, not by your side,
I love to hear your breathing, breathing
The morning light, wounds my eyes,
It’s still in tight, so leave it, leave it
I know that it seems, like it’s easy for me
I wish you to feel what is going on inside

It’s the hardest thing I ever have to do
To walk away from you
When I want to hold you
It’s the hardest thing in every single day
To left and turn away
I want you to know that
This is the hardest thing …

Another day, it isn’t late
I close my eyes, to see your face
The more I wait, the longer it takes
It feels like time it's standing still
Wherever you go, whatever you do
I want you to know that you’re on my mind …

It’s the hardest thing I ever have to do
To walk away from you
When I want to hold you
It’s the hardest thing in every single day
To left and turn away
I want you to know that
This is the hardest thing …

Just let go off your hands
The hardest thing, to make you understand
That to love you, feel you, till the time I’ll see you again
It’s the HARDEST THING …

It’s the hardest thing I ever have to do
To walk away from you
When I want to hold you
It’s the hardest thing in every single day
To left and turn away
I want you to know that
This is the hardest thing …

I sleep all night, not by your side
I love to hear your breathing, breathing …
Ако најдете некоја грешка не замерувајте ... Поправете ја со коментар ... RIP Tose...


|

Read Users' Comments ( 8 )