Сабота 12 април 2008 година. Тешки мигови за секој граѓанин на нашата земја. Сите со солзи во очите со голема болка во нашите души се сеќаваме на ангелот пратен од Бога- ТОШЕ ПРОЕСКИ ...
Тоше шест месеци без тебе, но шест месеци со твојот боженствен глас. Македонија плачеше, плаче и ќе плаче, бидејќи го изгуби единственото нешто што вистински вредеше. Шест месеци зборувавме, зборуваме и ќе зборуваме за тебе бидејќи ти беше дел од животот на секој и секој те носи во своите месеци.
Шест месеци твојот лик ни се насмевнуваше од ТВ екраните, но во сите нас огромна е желбата повторно да одиме на твоите концерти.
Шест месеци твоите песни се лек на нашите срца, со нив се будиме, во нив наоѓаме утеха и со нив се чувствуваме поблиски од тебе.
Што и да правиме свесни сме дека нема да те вратиме, но сепак во сите гори надежта дека сето ова е само лош сон. Со твоите 26 години замина кај ангелите и не напушти без да кажеш збогум. Денес шест месеци по твојата смрт Македонија и Балканот сеуште плачат и се молат за спокој на твојата душа, зашто ти беше примерот на она што значи да се биде човек. Секогаш насмеан, ведар и добро расположен. Секогаш хуман и дарежлив. Македонија даде завет дека никогаш нема да те заборави. Македонија даде завет дека ќе продолжи по твоите стапки. Не научи како да се сакаме меѓусебе, како да ја сакаме својата земја и своите ближни, па дури и како да се сакаме самите себеси. Ти беше ангел пратен од Бога со мисија. Очигледно твојата мисија заврши, но твоето дело ќе го продолжиме ние и генерациите кои доаѓаат. Повеќе не постои човек кој не ги сака твоите песни. Од 6 до 96 години сите плачат за тебе, но единствениот начин да те зачуваме од заборавот е да продолжиме гордо како Македонци и да се сакаме меѓусебно, да си подаваме рака кога имаме проблеми и да бидеме вистински луѓе. Секој од нас да биде човек каков што беше ти.
Тоа Тоше е нашиот завет кон тебе ...
Иако не си меѓу нас вечно ќе живееш, затоа што ангелите никогаш не умираат...


Едно писмо за Тоше кое навистина ме потресе ... :(
Тоше во ЧИЈА СИ сега близина,КОЈ ЛИ ТИ ГРИЗЕ ОБРАЗИ,кој УСНИ ТИ БАКНУВА,Ти си единствената МОРСКА ЅВЕЗДА на овој свет!
АНГЕЛ СИ ТИ пратен од бога да не водиш низ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ,ти си ПОЛСКО ЦВЕЌЕ кое цветеше и кое ќе цвета во градините на нашите срца ЗАСЕКОГАШ!
Каква ли МАГИЈА носеше што не водеше сите ПО ТЕБЕ...
АКО МЕ ПОГЛЕДНЕШ ВО ОЧИ ќе видиш само НЕМИР и гнев.Во нив го нема веќе оној сјај кој го имаше додека пеевме со тебе.
Сонцето кое што грееше над нас сега го покри мрачна МЕСЕЧИНА.
Ти знаеше ДЕКА СРЦЕТО НЕ Е КАМЕН кое знае и да страда, зошто не остана да живееш во СОНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ заедно со нас,туку одлета 1200милји над нас,кога овие поминати 26год.не беа твое КРАЈНО ВРЕМЕ.
Зошто остави ГРОМОВИ НА ДУША да удрат во нашите срца кои сега ке бидат вечно затворени во СОБА ЗА ТАГА...
Не СЛУШАШ ЛИ Господи дај барем ИЗЛАЖИ НЕ УШТЕ ЕДНАШ дека тоа не е вистина,бидејки сега сите се прашуваме ИМА ЛИ ДЕН ЗА НАС откако замина тој....

ПОЧИВАЈ ВО МИР ГОРДОСТ МАКЕДОНСКА, АНГЕЛУ НАШ НЕПРЕЖАЛЕН ...


|

Read Users' Comments ( 9 )

Еве што е талент ...

Гледајќи по блоговите на моите драги колешки и колеги наидов на еден пост со прекрасна содржина. Прекрасно мало шест годишно девојче пее со прекрасен ангелски глас на кој не можете, а да не покажете емоции. На блогот “Новинарско ќоше“ беше поставен клип од нејзиниот настап на шоуто “Британија има талент“. Од овој клип бев зачуден и со сигурност знам дека ова неверојатно девојче ќе биде ѕвезда од светски размери бидејќи го има правиот тален во себе на кој што и Сајмон Ковел (озогласениот член на жирито) остана вчудоневиден.
Затоа се потрудив и најдов нешто повеќе за ова девојче ...

Името на ова слатко детенце е Кони Талбот и има шест години. Одкако ја воодушеви целата британска нација на ова шоу, таа денес го има издадено својот прв дебитантен албум кој носи наслов “Somewhere over the rainbow“.
На овој албум свое место имаат 12 големи хита кој останале во спомените на луѓето низ целиот свет, кој повторно се воодушевуваат сега благодарејќи на Кони.
Списокот со песните е:
1. Over The Rainbow
2. I believe
3. Smile
4. Three Little Birds
5. Imagine
6. My Favourite Things
7. Any Dream Will Do
8 What A Wonderful World
9. Ben
10 I Will Always Love You
11.I Have A Dream
12.You Raise Me Up


Иако сеуште е мала ова слатко девојче во себе носи ангелски глас кој ја воведе во светот на славата, но сепак од неа допрва се очекуваат нови успеси. Во фаза на изработка е и втор албум, но сепак мислам со првиот Кони покажува што значи да се биде пејач и им оддржува добра лекција на сите самонаречени ѕвезди ... Секоја чест за Кони .... Во продолжение неколку испеани песни од неа:
(Погледнете нема да зажалите)
I will always love you ...

Over the rainbow ...

White Christmast ...


П.С. Кони веќе има седум години, почнува да снима реклами и добива понуди за филмови ... А дури сега тргнува во прво одделение ... :)


|

Read Users' Comments ( 3 )


Вечерва од пуста досада разгледував по неколку страни на интернет кога забележав интернет страна со наслов „60 најглупави цитати на познатите“ ...
Отворив и што ќе видам од глупо- поглупо ... Затоа решив некој од нив кој ми оставија впечаток да ги ставам на мојов блог ...
Има цитати од пејачи, политичари, спортисти и уште еден куп на познати лица, но како што напоменав тука се највпечатливите ...
Одиме чекор по чекор:D:D
Бритни Спирс: “Прекрасно е да бидеш познат можеш да патуваш во многу прекуокеански земји. Како на пример Канада.“ (интервјуто е одржано во Њујорк)
Кристина Агилера: “Годинава каде ќе се одржува Канскиот филмски фестивал?“
Брук Шилдс: “Пушењето убива. Ако вие сте убиени, тогаш сте загубиле голем дел од својот живот“
Бил Петерсон: “Момци наредете се по азбучен ред по висина“
Крег Норман: “Им должам многу на моите родители. Посебно на мајка ми и татко ми.“
Арнолд Шварценегер: “Мислам дека геј браковите се нешто што треба да биде помеѓу маж и жена.“
Мараја Кери: “Секогаш кога гледам на телевизија за оние кутри изгладнети деца насекаде низ светот, не можам да правам ништо друго, освен да плачам. Мислам и јас би сакала да бидам толку слаба, ама не околу мене да има муви, мртви и такви работи.“
Линда Евангелиста: “Јас не сум на диета. Само не јадам онолку колку што сакам.“
Бритни Спирс: “Никогаш вистински не сум сакала да одам во Јапонија. Од едноставна причина што не сакам риба. А имам слушнато дека тоа е доста популарна храна таму во Африка.“
Џесика Симсонс: “Јас не сум анорексична. Јас сум од Тексас. Дали постојат луѓе од Тексас кој се анорексични? Јас не сум слушнала за такво нешто, вклучувајќи ме и мене.“
Џорџ Буш: “Јас имам свои мислења. Цврсти мислења, иако понекогаш не се согласувам со нив.“
Џек Николсон: “Мојата мајка никогаш не ја гледаше иронијата кога ме нарекуваше син на кучка.“
Робин Вилијамс: “А, развод. Па тоа значи да му се извадат на мажот гениталиите преку неговиот новчаник.“
Се насмеавте ... :D:D:D:D


|

Read Users' Comments ( 3 )


Секако ако сте порно актерка која ужива во тоа што го работи ...
Но, мојата цел тука не е порногарфската индустрија туку шоу- бизнисот и сексот. Освен правилото дека сексот продава во последно време премногу очигледни се маалските муабети и трачеви дека преку секс можеш да успееш. Ова ме зачуди и затоа решив да напишам еден пост. Велат дека сексот е најстариот благодет на земјата во кој сите уживаат- тоа е точно. Но, освен проституцијата (најстар занает на светот) зарем постои некоја млада и убава девојка која што очајно се обидува да влезе во светот на шоу- бизнисот и гледа влез само преку своето тело. Ова најискрено ме зачудува ... Затоа и ме интересираше малце повеќе и од чаршиските рекла- казала излегува дека половина јавни личности се пробиени преку нечиј кревет. Овој факт ме натера да си поставам себеси неколку прашања ...
Дали опшеството е на тоа ниво за да некоја млада и талентирана девојка треба да го продава своето тело за да успее ???
Дали таа девојка се запрашала себеси каде е нејзиното достоинство и нејзината гордост???
Дали таа со тоа што го прави постигнува нешто повеќе???
И на самиот крај дали вреди сето тоа за пет минути на сцена???
Сето ова зачудува, но очигледно тоа е светот во кој што живееме и најверојатно и понатаму ќе гледаме како нашите млади и талентирани девојки очајни за кариера, успех и слава легнуваат во нечиј кревет кој може да им го обезбеди тоа ...
Па добро бе луѓе, каде исчезнаа старите морални вредности, зарем веќе никој не придава значење на талентот (туку само се гледа некоја друга надареност). Овие прашања заслужуваат одговор, а сите оние девојки кој ја градат својата кариера на овој начин треба да се засрамат, затоа што вистината секогаш излегува на виделина. Дали подоцна, дали порано ние ќе дознаеме кој се таканаречените „спонзоруши“ и верувајте во тој момент нивниот розов свет изграден во кревет ќе се сруши ...
Вашите мислења за оваа тема посебно ме интересираат ...
... KiSs tO aLL wHo haTe mE ...
... LiVe mY liFe iF yOu cAn ...


|

Read Users' Comments ( 3 )