17.10.1996 ...Четврток ...
Денес прв пат влегов во студио и сфатив дека тоа е она што сакам да го работам во мојот живот. Бев опиена од целата атмосфера, а најмногу од магијата на целиот микс на мелодии и луѓе во фрка. Едноставно преку мој другар успеав да влезам во студиото на еден од најголемите музички продуценти денес и секако имав шанса да докажам што знам.Влегов во студиото, добив текст на песна и едноставно од мене го извлеков најдоброто. Сите беа фасцинирани и продуцентот ме повика на приватен разговор во неговата канцеларија. Влегов и бев изненадена од сите слики кои што се наоѓаа внатре, слики од сите познати, слики од сите мои идоли во животот. Ме понуди со пијалок, прифатив и седнавме да разговараме. Ми велеше дека во мене го носам вистинското нешто, дека јас сум точно личноста што во моментот треба да се појави на естрадата, дека токму јас недостигам во целата таа збрка. Бев на седмо небо, беше подобро и од првата љубов која што ја доживеав пред неколку месеци, едноставно немам зборови за да го опишам тоа чувство. Ме испрати од канцеларијата со неколку добри зборови и совети кои мислев дека добро ќе ми користат, но сепак ми рече дека не е време да избрзуваме со мојата кариера и дека треба да очекувам телефонски повик од него ... Како ли тогаш не забележав дека сета таа бајка набргу ќе изгори???
Вашата ѕвезда XxX ...

4 коментари:
Cekam da vidam slednata nedela sto ke ima, a ova e vistina ili pak Petar ti go smisluvas ???
Marija
Ah.... Pece nikogas ne izmisluva. Ova kojznae do sto ke ne odnese
:)))))
Pa sega ... Ke citate sekoj ponedelnik pa ke vidite ...
Samo mozam da kazam deka ima dosta sokantni raboti, i se e del od necii zivoti ... :):)
pece aj te molam ne pisuvaj za mojot ziot, ti go dadov dnevnikot samo da mi go pocucas a ne da go objavis :DDDDDDDD just kiding.......hmmmmmmmm bas sakam da vidam sto ke ispadne!!!!!!!!!suprise us pls!!!!!!!!!
Објави коментар