30.10.1996 ... Среда ...
Поминаа две недели од како се запознав со Mister X, најпознатиот музички продуцент на овие простори. Ми рече дека ќе се јави, но го немаше, се до вчера кога изутрината ми се јави да ме покани на некоја вечерна забава - промоција на нова песна на една од славните наши пејачки. Бев изненадена, јас ќе одам на таква фенси забава. Не ми се веруваше и скоро целиот ден го поминав во барање на совршениот изглед за таа вечер. Заедно со другарка ми смислувавме милион комбинации, за вечерта да облечам краток фустан со потенцирано деколте. Дојде и моментот кога X требаше да ме собере од дома, беше прав господин ми ја отвори вратата од автомобилот и секако заминавме на забавата. Забавта беше неверојатна, ексклузивна, најубава забава на која сум била. Се запознав со сите кои вредат нешто на сцената и бев неверојатно среќна за тоа. Секако како и секоја фенси забава и оваа не ќе беше ништо ако немаше неверојатна after party. Алкохол, секс, дрога бев вчудоневидена од се што видов и не ми се веруваше дека некој од моите идоли се однесуваат сосема спротивно од она што претставуваат. X ме одведе во мала соба во клубот и ми понуди “бела линија“. Не бев подготвена и одбив, а тој само ме погледна и рече дека јас губам. Го замолив да ме врати дома, се согласи и ја напуштивме забавта. Пред мојата зграда нежно ми ја бакна раката и ми рече дека таа вечер сум била најдобра од сите ... Се почуствував посебно и кога ме покани следната недела да одиме на кафе и да ми ги соопшти плановите кои ги има во врска со мојата кариера. Бев изненадена од неговиот предлог, но конечно соништата ми беа на дофат ...