Уште една Евровизија помина, уште едно спектакуларно шоу ... Секоја чест на Србите се покажаа во најдобро светло и како многу добри организатори. Почнувајќи од сцената па се до разните кореографии, навистина се беше феноменално. И сега што ... Го имаме победникот- Дима Билан ја однесе Евровизија за 2009 во Русија, а ние, што направивме ние ???
Последниве денови се жалиме на новите правила на ЕБУ ... Алоо луѓе, па свесни бевме за тие правила... Се жалиме на озвучувањето и техниката ... Алоо луѓе, тоа е Евровизија, а не Цветници или Валандово Фест. Таму се потрошени милиони евра за годишното озвучување и на нам не ни чини. Демек нарочно ни праат некои финти ...
Секогаш, кога нам нешто не ни чини, другите ни се криви, се нас не не сакаат ...
Како прво треба да го исчистиме сопствениот двор за понатаму да бидеме успешни ...
Што бараат кадри од времето на Тито да ми водат Евровизија, уште англиски не знаат правилно, а не да ми организираат национално претставување.
Второ, ПАРИ, голем проблем за нас ... Азербејџан кој годинава прв пат настапуваа според некои податоци за пропаганда потрошиле околу 150 илјади евра ... 150 илјади евра за толку мала и сиромашна држава, а ние скромни 60 илјади евра ... Треба да се направи добра рекламна кампања, ако ништо друго треба да бидеме наметливи на медиумите, секој претставник да се труди да биде центар на внимание ...
И трето кореографија и облека ... WooooW ... Секоја година здрвени кукли на сцена(чест на исклучоците), секоја година облечени по последна мода ... Само не знам дали од Зелено пазарче купуваат ... Сто пати имам кажано дека за Евровизија треба шоу, треба скандал, треба луѓе кои знаат што сакаат и знаат како да го постигнат тоа... Треба добра организација, околу 100 илјади евра и добра, лесна, етно- забавна песна, со заразлив ритам, на кој можат да играат и стари и млади ...
Секоја чест на Дима Билан за победата и еве го неговиот победнички настап ...
Следната година повеќе среќа за Македонија ...